понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Борко изреволтиран од оваа објава на Заев: Му порача дека „Љубовта кон својот народ и државата нема цена“

Борко изреволтиран од оваа објава на Заев: Му порача дека „Љубовта кон својот народ и државата нема цена“

„Е, моја златна Македонијо, какви одрони те газат“.

Ова го пишува Борко Ристовски споделувајќи објави на премиерот Зоран Заев каде тој очигледно се плаши или срами да напише Македонија.

Голманот објави и фотографија на која пишува “мак ракомет“, па реагира и на тоа дека ниту зборот македонски во целост не е употребен.

Заев во објавата која го изреволтира Ристовски не пишува Македонија, но ниту македонски, ниту Македонци…

Ристовски во вчерашната своја објава напиша „Среќно момци, Македонија вечна“, а денес додава дека „Љубовта кон својот народ и државата нема цена“.