Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, го победи коронавирусот и наскоро ќе се врати на терените во дресот на германски Хановер.
Кузмановски беше позитивен веднаш по враќањето во Германија, по настапот за македонската репрезентација на СП 2021 во Египет.
Според информациите немаше симптоми, но поради позитивниот тест по ористигањето помина десет дена во самоизолација.
По добиените два негативни резултати Кузмановски доби зелено светло на тренинзите, па се очекува експресно да се најде во тимот на Хановер за настапите во Бундес-лигата.