И натаму проблеми со Коронавирусот на спортските натпревари ширум Европа. Последен таков случај е ракометниот европски првак Кил, кој објави дека еден член на „зебрите“ бил позитивен на последното тестирање, по што целокупниот тим доби решение за самоизолација.
По ваквиот развој на настаните, Кил веќе ги одложил наредните две средби, по една во Бундес-лигата и во ЛШ .
„Претходните тестирања пред домашниот меч со Мотор во ЛШ дадоа само негативни резултати, но за жал новите тестови донесоа и позитивен случај во нашиот клуб. Според препораките на здравствените власти, одложен е неделниот меч од Бундес-лигата против Лајпциг, а тимот нема да патува ниту на наредното гостување од ЛШ против Мотор“, се вели во клупското соопштение на Европскиот ракометен шампион.