петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Македонските ракометари ќе играат пред 50.000 гледачи, моќната Франција прв противник на престојното ЕП

Македонските ракометари ќе играат пред 50.000 гледачи, моќната Франција прв противник на престојното ЕП

Македонската ракометна репрезентација ги дозна термините за одигрување на мечевите од Европското првенство кое во јануари 2024 година ќе се одржи во Германија. Како што е веќе познато, момците на селекторот Кирил Лазаров ќе ги одмерат силите со Германија, Франција и Швајцарија.

Македонија ќе стартува со натпревар против силната Франција, дуелот и дефинитивно ќе се одигра на стадионот во Дизелдорф кој има капацитет од над 50.000 гледачи. „Меркур шпил арената“ може да собере огромен број ракометни фанови, па останува да видиме колку ќе биде исполнет стадионот за премиерниот меч на нашите репрезентативци. Натпреварот е закажан за 10 јануари, а почетокот е во 18:00 часот.

Потоа ќе имаме четири дена пауза, а возбудувањата ќе продолжат на 14 јануари кога ќе се соочиме со домаќинот Германија. Почетокот на овој меч е закажан за 20:00 часот, а Македонија ќе има тешка задача со реномираниот противник кој максимално мотивирано го чека почетокот на Европското првенство.

Последниот натпревар ќе биде против селекцијата на Швајцарија. Со нив ќе се сретнеме два дена подоцна, на 16 јануари, со почеток во 20:00 часот. За потсетување, само првите две селекции ќе прогресираат во втората фаза од континенталниот собир, што значи дека мисијата за Македонија на ова Европско првенство ќе биде пеколно тешка.