недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Поранешен ракометар на Вардар си постигна автогол на СП (ВИДЕО)

Поранешен ракометар на Вардар си постигна автогол на СП (ВИДЕО)

Селекцијата на Црна Гора дојде до посакуваниот резултат на дуелот против Иран и славеше со 34-31.

Ова за Црногорците беше прв триумф на Светското првенство, триумф во кој се истакна дуото Милош и Бранко Вујовиќ кои заедно искомбинираа 19 погодоци.

Воедно дуелот со Краков донесе и еден специфичен момент затоа што беше постигнат автогол, па ова можеби е момент за историјата затоа што не се гледа на ракометните терени ваква „мајсторија“.

За истата се погрижи некогашниот член на Вардар, Вук Лазовиќ кој атрактивно го матираше Небојша Симиќ во финишот на средбата во „Таурон Арена“.