сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ракометарите тргнаа за Полска, Среќно момци

Ракометарите тргнаа за Полска, Среќно момци

Со чартер лет од Скопје кон Краков, македонската ракометна репрезентација денес го започнува своето осмо учество на едно Светско првенство во ракомет.

Нашите репрезентативци попладнево ќе го одржат првиот тренинг во Краков, каде се враќаат по седум години, по дискретно успешниот Европски шампионат во 2016 година, со Ивица Обрван на клупата.

Кирил Лазаров синоќа ги одреди осумнаесетте ракометари кои ќе патуваат за Краков. Од претходниот список со 21 ракометар отпаднаа тројца и тоа: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски и Давид Савревски. Треба да се знае дека иако тројцата не се на списокот сепак ќе бидат спремни ако има потреба да заменат некого од оние кои се на списокот.

Дебито на нашиот национален тим е закажано за утревечер од 20:30 часот против Норвешка.