среда, 14. февруари 2024. Вести денес: 0
home Регион

202 лекари и 208 сестри заразени со Ковид-19 во Бугарија

202 лекари и 208 сестри заразени со Ковид-19 во Бугарија

Во Бугарија денеска се регистрирани 330 нови случаи со корона вирус, од тестирани 6.183 лица, а починаа седум пациенти.

Во истиот период оздравеле 122 лица, соопшти бугарскиот национален поратл за следење на корона вирусот.

Од почетокот на епидемијата заразени се 9.584 лица, а во моментот активни се 4.620 случаи, пренесе БТА.

Во болница се 642 пациенти од кои 24 на интензивна нега.

Исто така, заразени се 202 лекари, 208 медицински сестри и уште стотина вработени во медицинските установи.