петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател

Aбазовиќ се надева дека Црна Гора ќе добие нов претседател

Претседателот на црногорската Влада во технички мандат Дритан Абазовиќ денеска изјави дека се надева оти Црна Гора на претседателските избори ќе добие нов претседател и дека би било добро тоа да биде некој заеднички, како што рече, граѓански кандидат.

Говорејќи за обновените преговори за формирање влада со парламентарно мнозинство од 30 август 2020 година, тој рече дека е подготвен да слушне предлог доколку некој има.
Премиерот рече дека не е преокупиран со претседателските избори и додаде дека за тоа дополнително ќе се изјаснат и органите на неговото движење.

„Најважно е Црна Гора да добие нов претседател и тоа да биде заеднички граѓански кандидат. Тоа би било одлично. Значајно би било и тоа да биде дама“, рече Абазовиќ, пренесе порталот РТЦГ.

Истакна дека е сигурен дека Црна Гора ќе добие нов претседател за кој се надева дека ќе биде покооперативен во остварувањето на националните интереси. (МИА)