Албанија стана заложник во процесот по бугарското вето за Македонија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Северна Македонија, изјави Еди Рама, албанскиот премиер во своето годишно обраќање кога говореше и за интеграцискиот процес на земјата.
„Во евроинтеграцискиот процес работите се јасни и се наоѓаме во апсурдна ситуација поради ветото на Бугарија. Ако Бугарија стави вето во првите шест месеци од следната година, ќе бараме издвојување од Северна Македонија. Нашите оценки во однос на овој процес растат, две важни компоненти се чекорите што почна да ги презема правосудниот систем, особено специјалното обвинителство, кое не е политички обвинител ниту на левицата, ниту на десницата, туку обвинител за борба против криминалот“, рече Рама.