Во Албанија денеска претпладне е регистрирана втора жртва од коронавирусот.
-Станува збор за 66-годишен маж од Љушња, кој беше хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана. Последните денови беше на респраторна машина. Пацентот боледуваше и од срцева бубрежна инфлуенцаи пневмонија, соопштија од Мнстерството за здравство.
Првата жртва од коронавирусот во Албанија беше 73-годишна жена од Драч, која почина на 11 овој месец.
Според министерството, уште двајца пациенти се во тешка здравствена состојба, додека еден од првозаразените по направените анализи е излекуван. Ќе му биде направена анализа повторно утре по што најверојатно ќе виде пуштен од болница.
Во меѓувреме потврден се уште четири нови случаи,со што бројот на заразени се зголеми на 59 лица.