понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Албанскиот претседател Мета го завршува мандатот со посета на Косово

Албанскиот претседател Мета го завршува мандатот со посета на Косово

Претседателот во заминување на Република Албанија, Илир Мета допатува денеска во тридневна официјална посета на Косово, на покана на неговата косовска колешка, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

Кабинетот на Османи, објави дека официјалниот дел од посетата на нејзиниот албански колега ќе почне утре претпладне, кога таа ќе го пречека Мета со највисоки државни почести на плоштадот „Ибрахим Ругова“ во центарот на Приштина.

Според програмата на посетата, двата претседатели ќе имаат билатерална средба, по која ќе одржат заедничка прес-конференција, додека утре вечер ќе присуствуваат и на свеченото отворање на културната манифестација „Манифеста 2022“ во косовската престолнина.

Ова е последна официјална посета на Мета како претседател на Албанија на една држава, со оглед дека неговиот мандат завршува в недела, на 24 јули.