четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

Бесплатен ПЦР тест за туристите во Црна Гора

Од утре во Црна Гора ќе биде бесплатен ПЦР тестот за сите туристи на кои им е потребен за враќање во своите матични земји, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Министерката за здравство Јелена Боровиниќ Бојовиќ претходно изјави дека на трошок на државата ќе им биде обезбедено болничко лекување на сите туристи кои евентуално ќе се разболат од Ковид-19 за време на нивниот престој во Црна Гора и им биде потребна хоспитализација.

Министерството од денеска ги ублажи мерките кои се воведени поради спречување на ширењето на коронавирусот.

До 20 мај ќе важат нови мерки, со кои се укинува забраната за меѓуградски сообраќај во деновите за викенд и полицискиот час, а терминот за изведување музика во живо во градините на угостителските објекти се поместува за еден час, односно дозволено ќе биде од 19 до 22 часот, објавија локалните медиуми. (МИА)