четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Без вода околу три илјади жители на општина Росоман поради дефект на водоводна линија

Без вода околу три илјади жители на општина Росоман поради дефект на водоводна линија

Без вода за пиење останаа утринава околу три илјади жители на општина Росоман, поради дефект на водоводна линија.

Директорот на Јавното претпријатие за комунални дејности “Росоман”, Гоце Величковски, рече за МИА дека без вода се жителите на Росоман, Манастирец и Рибарци. Се работи за дефект на главната водоводна линија за Росоман, под фабриката Дрекслермаер.

Водата ќе биде сопрена до санирање на дефектот.