петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Бојко Борисов во карантин, шефицата на неговиот кабинет заразена со коронавирусот

Бојко Борисов во карантин, шефицата на неговиот кабинет заразена со коронавирусот

Шефицата на кабинетот на бугарскиот премиер Бојко Борисов, Деница Желева има позитивен тест на Ковид-19, премиерот е негативен но е ставен во карантин и се чека втор негативен тест, јави Бгнес.

Тестирани се и сите членови на делегацијата што беа во Брисел каде учествуваа на самитот на шефовите на држави и влади на Европската унија.

Во понеделникот, на 20 јули, владината прес-служба соопшти дека се утврдени два случаи на заразени со Ковид-19 меѓу вработените во администрацијата на Владата, по што зградата на 21 јули беше затворена за да се направи целосна дезинфекција. (МИА)