петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Борисов со порака до тајкуните: „Ќе си ги продадете Мерцедесите и ќе им дадете плата на вработените“

Борисов со порака до тајкуните: „Ќе си ги продадете Мерцедесите и ќе им дадете плата на вработените“

„Но што прават олигарските во меѓувреме? Сите отидоа на скијање во Франција, во Куршавел, а сега се вратија и бараат пари. Тоа нема да биде“, вели бугарскиот премиер Бојко Борисов.

„Не е спорно дека ќе и помогнеме на економијата… Не спијам навечер, мислам како да не влеземе во рецесија“, истакна Борисов, пренесува бугарски Стандард.

Бугарскиот премиер Бојко Борисов со конкретна и бескомпромисна порака ги поздрави бугарските олигарси „да си ги продадат мерцедесите и да им дадат плати на работниците“, пренесува Гласник.

Оваа изјава Борисов ја дал истакнувајќи дека наместо да го направат тоа, бугарските олигарси и бизнисмени само бараат пари од државата и се жалат дека немало мерки.

Тој изјави дека не знае колкава ќе биде вкупната помош за економијата, зашто не знае колку време ќе трае епидемијата.

„Имаме вишок од седум милијарди, што можеме да ги потрошиме. Имаме можност да земеме пет милијарди заем, но што сакате – да ги потрошиме и после што?“, запраша тој.

Нема како да бидеме побогати во вакво време, изјави Борисов.