недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Будва во црвена зона- градот стана корона жариште

Будва во црвена зона- градот стана корона жариште

Црна Гора има најмногу нови случаи за четири месеци, а најмногу инфицирани има во Будва. Градот е во црвената зона.

Потврдени се 332 нови случаи на коронавирус. Меѓу нив има 41 турист, претежно од Будва и Улцињ.

Дека ситуацијата е комплицирана, потврди и директорот на Црногорскиот институт за јавно здравје, Игор Галиќ.

Toj вели дека повторно има локален пренос на коронавирусот и дека може да се разговара за нов бран. Oткако почна пандемијата имаше и период кога Црна Гора беше земја без корона. Во сите земји во регионот расте бројот на инфицирани со ковид.

Црна Гора е земја каде нашите туристи можат да патуваат слободно, без ПЦР тест.