Бројот на нови случаи е помал од претходниот ден, кога имало 319, додека вкупниот број достигна 211.736, објави Министерството за здравство на единствениот информативен портал.
Вкупниот број на смртни случаи од Ковид 19 во таа земја е 8.444.Во моментов, 3.485 пациенти се лекуваат во болници, од кои 340 се на единиците за интензивна нега, пренесува ТАСС.
Во изминатите 24 часа во Бугарија биле спроведени 4628 тестови за корона вирусот.
Строгите мерки во Бугарија важат до 31 јануари.