Од денеска во Бугарија почнуваат засилените инспекции за зелени сертификати. Како што јави дописникот на МИА од Софија, бугарските власти во изминатите неколку дена дозволија преоден период за да објектите на затворено да се подготват за пунктови за брзи тестирања, галерии, кина и театри.
Сертификатот нема да биде потребен при посета на аптеки, мали продавници, банкарски канцеларии и државна администрација
Казните според наредбата на бугарскиот министер за здравство, Стојчо Кацаров, се до 2.500 евра и натамошно процесуирање до обвинителството.
Контролата, шот се состои од зголемени екипи на регионалните здравствени инспекторати, заедно со полициски службеници и Агенцијата за храна, ќе ги обиколуваат локациите, но веќе нема само да пишуваат предупредувања, туку и ќе санкционираат во отсуство на документ.
Сите инспектори веќе ја имаат на своите телефони апликацијата „Информативни услуги“, развиена од „Covid Check BG“, која го чита QR-кодот на сертификатите за комплексна вакцина, за лицата кои прележале Ковид-19, како и за извршени тестови.
Посебно, претпријатијата и затворените објекти за кои се однесува условот за зелен сертификат, исто така, мора да се организираат за негова верификација. Луѓето од персоналот ќе мора да вршат примарна контрола со своите телефони и да не дозволуваат клиенти без сертификат. Останува прашањето како цивилите ќе можат да бараат лични карти од персоналот за да потврдат дека сертификатот навистина му е издаден на проверениот клиент.