Бугарија се согласи да ѝ обезбеди на украинската војска околу 100 оклопни транспортери, што би означило пресврт во нејзината политика за испраќање воена опрема за помош во борбата на Киев против Русија. Одлуката била донесена доцна во парламентот во Софија. Владиниот предлог за испраќање на првата пратка тешка воена опрема во Украина ја поддржале 148 пратеника, а 52 гласале „против“, пренесува Асошиејтед прес.
Bulgaria's parliament agrees by 148 votes to 52 to send about 100 armoured vehicles to Ukraine, a first for a country hitherto reluctant to help Kyiv directly. https://t.co/uoKFgvdV1v
— The Brussels Times (@BrusselsTimes) July 21, 2023
Бугарија се согласи да обезбеди околу 100 оклопни возила во Украина, што е прва испорака на тешка воена опрема од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година.
„Оваа опрема повеќе не е неопходна за потребите на Бугарија и може да биде сериозна поддршка за Украина во нејзината битка за зачувување на независноста и територијалниот интегритет на земјата по неоправданата и неиспровоцирана руска агресија“,
се вели во одлуката на парламентот на Бугарија.
Оклопните возила од советско производство беа испорачани во 1980-ите во Бугарија кога земјата тогаш беше сојузник на Советскиот Сојуз во Варшавскиот пакт.
На почетокот на јули годинава, украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во посета на Бугарија каде се сретна со претседателот Румен Радев.
Бугарија, која влезе во НАТО во 2004 година, сè уште има залихи на оружје од советско производство и бројни фабрики кои произведуваат муниција за него.