Нема време до крајот на француското претседателство да се отвори Уставот на С. Македонија за во него да се впишат Бугарите како државотворен народ, што е едно од клучните барања на Софија, изјави бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, пренесува Алсат-М.
– Реално, до крајот на француското претседателство со Советот на Европа, се сомневам дека моите колеги од Северна Македонија ќе можат да го отворат (Уставот) и да го завршат овој процес, рече шефицата на бугарската дипломатија.
Инаку, Генчовска додаде и дека има „сериозни несогласувања“ меѓу бугарското МНР и тимот на советници за надворешна политика на премиерот Кирил Петков во однос на прашањето за евроинтеграциите и преговорите со Македонија.
Таа исто така додаде и дека сè уште нема документ меѓу земјава и Бугарија што би бил основа за договор.
– Речиси ниту една од другите четири точки од Планот 4 + 1 не е исполнето од страна на Скопје, рекла Генчовска.