петок, 19. април 2024. Вести денес: 0
home Регион

ЦРН ДЕН ВО БУГАРИЈА: Од коронавирус починаа 334 лица, над 5.000 новозаразени

ЦРН ДЕН ВО БУГАРИЈА: Од коронавирус починаа 334 лица, над 5.000 новозаразени

Во Бугарија се регистрирани најголем број смртни случаи од коронавирусот во еден ден, откако од Ковид-19 починале 334 лица.

-Потврдени се 5.286 нови случаи на инфекција со коронавирус, што е помалку од рекордот на крајот на октомври, пренесува Ројтерс.

Повеќе од 8.500 пациенти со коронавирус се во болница, од кои 734 се на одделенија за интензивна нега.

Бугарија има најниска стапка на вакцинација против коронавирус во Европската унија и моментално се бори со четвртиот бран на пандемии.

Минатиот месец беа воведени пропусници за Ковид за повеќето затворени простори, како дел од напорите да се спречи ширењето на вирусот и да се забрза вакцинацијата, бидејќи само 30 отсто од возрасните бугарски граѓани во моментов се целосно вакцинирани.

Податоците покажуваат дека повеќе од 250.000 примиле најмалку една доза од вакцината од 21 октомври, кога беа воведени пропусниците за Ковид.