среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Црна Гора од 10 септември ги заострува епидемиолошките мерки

Црна Гора од 10 септември ги заострува епидемиолошките мерки

Имајќи го предвид трендот на влошување на епидемиолошката состојба, и на национално и на глобално ниво, Владата оцени дека епидемиолошките мерки мора неизбежно да се заострат. Новите мерки треба да стапат во сила на 10 септември, објави Владата на Црна Гора.

Заострувањето на мерките, како што рекоа од Владата, подразбира интензивирање на комуникациските активности, воведување одредени ограничувања и зајакнување на активностите на сите надлежни тела и институции во спроведувањето на надзорот.

– На предлог на Советот за разгледување на епидемиолошката состојба поради појава на заразна болест Ковид-19 и нејзиното влијание врз економската состојба во Црна Гора, и по препорака на Институтот за јавно здравје, Владата ја усвои Информацијата за предложени мерки за борба против Ковид-19.изјава.