Будва одлучи да ја одбележи стогодишнината од крајот на Првата светска војна со билборди на кои се воспева српската „ослободителна“ војска, што предизвика бура во Црна Гора.
Црногорскиот премиер Душко Марковиќ изјави дека тоа е фалсификат на историјата, а најави и тужби.
-Тоа е фалсификување на историјата. Ќе знаеме да одговориме на тој напад врз државата, изјави Марковиќ.
Билбордите, поставени од властите во Будва и на кои се слави влегување на српската војска во 1918 година во градот, прво беше осудено од страна на Министерството за култура во Црна Гора. Оттаму објаснуваат дека Будва била ослободена со повлекување на австро-унгарската војска, при што не учествувала армија на ниту една друга држава.