сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Доктор Кало: Од Ковид-19 во Албанија досега починаа 24 лекари

Доктор Кало: Од Ковид-19 во Албанија досега починаа 24 лекари

Од 30 јуни кога битката со опасниот вирус ја изгуби Арјан Пуши, познат хематолог, професор на Медицинскиот факултет во Тирана, до сега како последица од опасниот вирус починале вкупно 24 албански лекари.

Ова го потврдува најпознатиот албански инфектолог Тритан Кало, кој непосрдно е вклучен во борбата со невидливот непријател во Инфективната клиника преку емотивна објава на Фејсбук.

Објавувајќи сопствена фотографија Кало наведува дека станува збор за „24 супер ѕвезди кои ќе недостасуваат во соѕвездието албански лекари, кои работеа и се жртвуваа целиот свој животен век за да ги заштитат и спасат животите на другите“.

-Ковид време. Почит кон белите мантили кои ги загубија своите животи соочувајќи се со предизвикот на векот, инфекција предизвикана од опасен по живот вирус Sars-Cov2 –Ковид-19 . 24 sвезди што ќе недостасуваат од опсегот на соѕвездието на албански лекари, кои работеа и се жртвуваа цел живот за да ги заштитат и спасуваат животите на другите. Чест ми и многу сум горд што лично ги познавав повеќето од нив,напиша меѓу другото Кало, кој и самиот беше заразен, но успеа да го победи вирусот и веднаш се врати да им помага на другите.

Тој ги повикува граѓаните, кои со своето однесување ќе искажат почит кон пожртвуваноста на лекарите.

-Ве молам за почит кон нив ,уште повеќе за нивното име и дело, да почитувате сè за да ја намалите можноста од инфекција, за да го намалите бројот на луѓе погодени од овој пламен во светот. Носете маски, држење растојание и лична хигиена, одбегнувајте групирање, се мерките што во моментов остануваат најефикасни во оваа конфронтација со „невидливиот непријател. Почивајте на олтарот на бесмртноста !!!!, ја завршува објавата доктор Кало.

Во периодот на пандемјата како последица од Ковид-19 почнати се и пет медицнски сестри.