понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ДПС поднесе кривична пријава против црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за настаните на Цетиње

ДПС поднесе кривична пријава против црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ за настаните на Цетиње

Црногорската Демократска партија на социјалистите (ДПС) поднесе кривична пријава до Специјалното државно обвинителство (СДТ) против премиерот Здравко Кривокапиќ и други избрани функционери под сомнение за злоупотреба на положбата и пречекорување на службената должност за време на настаните во Цетиње на 4 и 5 септември, јави МИНА.

Во кривичната пријава, до која увид имал весникот „Дневне новине“, се наведува дека пријавените ја злоупотребиле функцијата премиер, пратеници, министри … , надминувајќи ги границите на нивните службени овластувања.

Во пријавата се наведува дека Кривокапиќ формирал тело кое немало никакви законски и уставни овластувања да донесува одлуки во врска со националната безбедност, и кое, во принцип, презеде делови од командата на операцијата на безбедносните сили на 5 септември во Цетиње.

Како доказ со кривичната пријава, на Специјалното државно обвионителство му е доставена и фотографија од просториите на Владата, направена на 5 септември, на која покрај Кривокапиќ, дел од командниот персонал во спомената операцијата се и пратениците Марко Милачиќ, Момчило Копривица, министрите Милојко Спајиќ, Оливера Ињац, Јаков Милатовиќ и директорот на Агенцијата за национална безбедност Дејан Вукчиќ и шефот на кабинетот на премиерот Ивана Маловиќ.

Кривокапиќ е обвинет дека на 5 септември, со пречекорување на границите на службените овластувања, сериозно го прекршил правото на друг со тоа што, покрај уставните и законските овластувања, му дал наредба на помошникот директор на полициската управа, Веселин Веjовиќ. (МИА)