недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Полицијата пронајде запален автомобилот, се верува дека е на исчезнатото семејство од Алексинац, во близина откриени и тела

ФОТО: Полицијата пронајде запален автомобилот, се верува дека е на исчезнатото семејство од Алексинац, во близина откриени и тела

Полицијата денеска пронашла автомобилот „Пасат“ за кој се верува дека е на семејството Ѓокиќ кое е пријавено за исчезнато. Дел од српските медиуми јавуваат дека во близина на автомобилот наводно се пронајдени и тела, но официјална потврда за ова нема.

Телата, јавуваат медиумите, се верува дека се на членовите на исчезнатото семејство. Горан (57), Гордана (56) и нивната ќерка Лидија (25) исчезнале во неделата вечерта откако си заминале од вечера на која биле кај мајката на Горан. Тука им се губи трагата.

Семејството Ѓокиќ било сопственик на менувачница, а нивното семејство и пријателите се сомневаат дека некој им го пресретнал патот.

Се уште нема официјална потврда колку тела се пронајдени и дали навистина се работи за исчезнатото семејство.

Полицијата го блокираше приодот кон патот, а на лице место пристигнал и братот на Гордана.