По секојдневните апели до граѓаните,особено кон повозрасните, да седат дома, албанскиот премиер Еди Рама попладнево прошета по неколку улици и пазари во Тирана за да ги советува граѓаните да одат во нивните домови и да не излегуваат без многу важна причина.
Преку објава на Фејсбук, Рама сподели и неколку фотографии каде разговара со граѓани од различна возраст и ги советува да си одат дома.
Наведува дека избрал да оди без маска и ракавици затоа што го почитувал растојанието од најмалку еден метар.
„Денеска бев на неколку пазари во Тирана, каде сосотојбата беше многу позитивна. Проблем се пензонерите кои излегуваат од дома, што е забрането, бидејќи опасноста да се заразат од коронавирус кај нив е најголема. Максимално почитување на препораките и мерките! Трпение, трпение, трпение“,напиша Рама
„Не ме прашувајте зошто немам маска и ракавици“, додава Рама и објаснува: „Повторувам дека маската и ракавиците не се за пешаците, туку за болните, за оние кои се грижат за заболено лице или оние кои имаат можности за близок контакт воопшто … Пешаците доволно е да се придржуваат кон правилата, особено растојанието од еден метар, да не се ракуваат, да киваат и кашлаат според препораката“, пишува Рама.