Неразделните другари Саша Кудра(23), Милан Голубовиќ(24) и Мишо Вујмиловиќ(25), денеска ќе бидат погребани на гробиштата во гратче Лакташи во Република Српска.
Тие загинаа во страшна сообраќајна несреќа во неделата во 3 и 30 часот, враќајќи се дома од забава.
Поради преголема брзина возачот не успеал да сврти во свиокот, по што изгубил контрола, а автомобилот завршил во блискиот канал удирајќи во бетонска заштитна ограда.
Тројцата останале на место мртви.
Во Лакташи е прогласен ден на жалост.