недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

ФОТО: Ужас на Ибарска магистрала – Загинаа 4 лица, четворица се борат за живот

ФОТО: Ужас на Ибарска магистрала – Загинаа 4 лица, четворица се борат за живот

Четири млади лица ноќеска загинаа во директен судар меѓу возила „БМВ“ и „Дачија“, на Ибарската магистрала, кај местото Жупањ, во Општина Љиг, пренесоа утринава белградските медиуми.

Според првичните сознанија уште четири лица, кои во несреќата се здобиле со тешки повреди, се во животно загрозувачка состојба.

Несреќата се случила еден час по полноќ.

Четири од загинатите биле во „Дачијата“, додека едно во “БМВ-то’, пренесуваат медиумите во Србија.

Српските медиуми јавуваат дека полицијата го уапсила возачот на БМВ-то, 27 годишниот Н.М. кој е осомничен дека сторил  кривично дело, тешки дела против безбедноста во јавниот сообраќај.

Истиот со кривичната пријава е задржан на 48 часовен притвор.