Во центарот на главниот град на Црна Гора, Подгорица, утрово експлодира автомобил, а едно лице е во критична состојба.
„Едно лице е во животно загрозувачка состојба, во тек е реанимација. Правиме се што можеме“ , изјави директорот на клиничкиот центар Нермин Абдиќ.
Експлозијата се слушнала во поголемиот дел од градот, а очевидците за црногорските медиуми изјавиле дека автомобилот се движел кога експлодирал.