четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

КОРОНАВИРУСОТ ДИВЕЕ ПО ГРЧКИТЕ ОДМАРАЛИШТА: На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни на КОВИД-19

КОРОНАВИРУСОТ ДИВЕЕ ПО ГРЧКИТЕ ОДМАРАЛИШТА: На Санторини и Миконос над пет од десет тестирани се позитивни на КОВИД-19
фото-илустрација

На грчките острови Санторини, Миконос и Милос речиси пет од десет тестирани за Ковид-19 се позитивни, согласно официјалните податоци од Националната организација за јавно здравје на Грција (ЕОДИ) за стапката на позитивност во периодот од 30 мај до 5 јуни 2022 година, јави дописничката на МИА од Атина.

Поконкретно, највисока е стапката на Санторини, 23,4 отсто позитивни од направените тестови, на Миконос е 22,91 процент, на Милос 19,26 отсто, а со над десет проценти се островите Парос, Икариа, Тинос и Родос, како и источниот и западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина.

Во центарот на Атина, стапката на позитивност е 8,52 отсто, во Солун 3,04 проценти, додека пак на Халкидики и Тасос е 1,9, односно 0,82 проценти.

Во конкретниот период од седум дена стапката на позитивност во Грција е 4,88 отсто од вкупно 570.363 лабораториски тестови (ПЦР и рапд).

Националната организација за јавно здравје на Грција секоја среда, заедно со дневните податоци за новозаразени, починати и хоспитализирани, ја објавува и стапката на позитивност на седумдневно ниво.

Од почетокот на пандемијата во Грција се регистрирани 3.483.275 случаи на Ковид-19 и нешто помалку од 140.000 повторни заразувања, а починаа вкупно 29.966 лица.