Во Албанија следната недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот.
Ова е предвидувањето на експертите за време на онлајн средбата на Техничкиот комитет за епидемија на коронавирусот со премиерот Еди Рама.
Раководителката на одделението за епидемиологија на Институтот за јавно здравје, Еугена Томини, оценила дека петтата недела од појавата на нулта пациентот во Албанија, коронавирусот ќе го достигне пикот, поради што се очекува бројот на заразените да се зголеми.
Идентичен став изнесол и Тритан Кало, потенцирајќи дека на вирусот му се потребни пет до шест недели за да се развие.
-Потребни се најмалку пет до шест недели за да вирусот го покаже вистинското лице, изјавил Кало.
Кон ваквите оценки на стручните лица, секако оди и податокот дека бројот на денес дијагностицираните 29 лица е најголем од појавата на опасниот вирус.
Во Албанија првите два случаја на инфекција со коронавирус беа потврдени на деветти минатиот месец, а со денес соопштените податоци на Министерството за здравство и социјална заштита тој број е 333 лица.