среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косово: Едно лице уапсено поради упатени смртни закани за премиерот Курти

Косово: Едно лице уапсено поради упатени смртни закани за премиерот Курти

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека по наредба на надлежниот обвинител во Приштина е приведен осомничен за закани со насилство и убиство кон премиерот Албин Курти.

„Осомничениот Н.С. испратил закани… на социјалната мрежа Фејсбук“, се вели во соопштението.

Н.С. ги повтори заканите синоќа во емисијата на ТВ Дукаџини.

Со решение на Специјалното обвинителство му е одредена мерка притвор во траење од 48 часа.