недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Косовската Влада попушти, одложено спроведувањето на мерките за еден месец

Косовската Влада попушти, одложено спроведувањето на мерките за еден месец

Владата на Косово го одложи за еден месец спроведувањето на мерките за реципроцитет со Србија во врска со личните карти и регистарските таблички.

Како што соопштија властите во Приштина, овие мерки ќе бидат одложени до 1 септември.

Според медиумите во Косово и Србија, Владата на премиерот Албин Курти го направила тоа на барање на САД.

Одложувањето на одлуката го поздравија високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и специјалниот представник Унијата за дијалогот меѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак.