четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

КУЌАТА ЗАЕВИЕНА ВО ЦРНО: Први фотографии од домот на девојката која ја смачка карпа по вчерашниот земјотрес во БиХ

КУЌАТА ЗАЕВИЕНА ВО ЦРНО: Први фотографии од домот на девојката која ја смачка карпа по вчерашниот земјотрес во БиХ

Утрово, N1 го посети градот Кукавац каде се наоѓа семејната куќа во која загина 28-годишната девојка, која им подлегнала на тешките повреди откако огромна карпа паднала врз нејзината  семејна куќа.

На првите фотографии се гледа штетата нанесена на куќата за време на земјотресот, но и едно од неколкуте парчиња карпа што синоќа паднале врз домот на младата девојка.

Таа се здобила со сериозни повреди и итно била пренесена во болница во Мостар.

И покрај големите напори на лекарите, тие не успеале да ѝ го спасат животот.

Повредени се и родителите на загинатата девојка и сестра ѝ кои се во болница.

ФОТО: Н1 САРАЕВО