Откако беше потврден првиот случај на Ковид-19 во најголемиот бегалски камп во Грција, на островот Лезбос, Националната организација за јавно здравје од вчера започна тестирање на мигрантите и бегалците за коронавирусот, јави дописничката на МИА од Атина.
Кампот Мориа, од завчера е во карантин, а планирано е во следните денови да се спроведат 2.000 тестирања.
Два позитивни случаи на Ковид-19 беа потврдени и кај двајца баратели на азил сместени во бегалскиот камп во Инофита во централна Грција, а прифатниот центар, од вчера до 16 септември во карантин. (МИА)