Тепачка во која е убиена жена се случила денеска во барот „Пин“ во центарот на Риека, јави агенцијата „Хина“, повикувајќи се на извори од Полициската управа на Приморско-горската жупанија.
Според првите податоци, во тепачката учествувале маж и жена.
Во 14.42 часот полицијата добила пријава дека во бар на Павлинскиот плоштад дошло до тепачка, како и дека е повредена една жена.
Полициски службеници, како и медицински лица излегле на местото на настанот и се обиделе да ја реанимираат повредената жена.