четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Метеоролозите со прогнози, каква зима го очекува Балканот

Метеоролозите со прогнози, каква зима го очекува Балканот

Додека во подрачјата на Велика Британија, Скандинавија и остатокот од северна Европа се очекуваат силни бури на почетокот на зимата, на Балканот зимата ќе биде блага – без силни температурни осцилации и обилни врнежи.

Службата за временски услови AccuWeather објави на својата веб-страница долгорочна прогноза за претстојната зима.

-Ќе има невреме, но тоа нема да биде толку изразено како минатата година“, предвидува метеорологот Џејсон Николс.

Наместо тоа, ќе се појавуваат продолжените суви периоди.

-Регионот може да има долги суви и топли периоди, проследено со невреме кое ќе трае една недела и потоа ќе се врати на сув временски период од две или три недели“, рече метеорологот Тајлер Ројс.

На Јадранот не се очекуваат засилени и чести бури, тврдат метеоролозите AccuWeather.

Малку снег ќе има на планините.