среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Најмногу умрени во еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија

Најмногу умрени во еден ден од почетокот на пандемијата во Бугарија

Во последните 24 часа во Бугарија од Ковид-19 умреа уште 18 лица, што е најголем број смртни случаи во еден ден од почетокот на пандемијата. Со овие последни случаи, вкупниот број на умрени од Ковид-19 во оваа земја достигна 563, јави БТА.

Бројот на потврдени случаи на Ковид-19 достигна 15.386, откако од вчера до денеска се регистрирани нови 99 случаи на инфекција, од вкупно 3.588 тестирани, покажаа најновите официјални податоци на бугарските здравствени власти.

Во земјата во моментов има 4.326 активни случаи на коронавирус.

Хоспитализирани се 714 пациенти, а 65 од нив се на интензивна нега. (МИА)