Куповната моќ на граѓаните на Црна Гора, според анализата на Центарот за економски и европски студии, е намалена за цели 15 отсто поради многу високата стапка на инфлација.
Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора од 718 евра, колку што беше во август, е реално за 5,7 отсто помала во однос на јануари 2022 година. Тоа значи дека црногорскиот граѓанин можел да купи помалку стоки и услуги за 718 евра од августовската заработка отколку за 686 евра, колку што изнесувала просечната плата во јануари.
Како што наведуваат во соопштението, причина е многу високата стапка на инфлација од дури 15 проценти, што е многу повисока отколку во еврозоната. Тоа е предизвикано од фактори од меѓународниот пазар, како и од неадекватните мерки на фискалната политика во земјата. Покрај тоа што растот на пензиите беше многу ограничен, просечната пензија во август во Црна Гора исто така реално се намали и тоа за околу 1,4 отсто во однос на почетокот на 2022 година.
Анализирајќи ги движењата во клучните компоненти на потрошувачката, ЦЕЕС оценува дека реалниот раст на бруто домашниот производ во 2022 година ќе биде меѓу 5,4 и 6,5 проценти, под услов да нема силни надворешнÐ ¸ шокови. Реализацијата на оваа проценка на БДП во Црна Гора во 2022 година ќе придонесе за враќање на економијата на предпандемиското ниво. (МИА)