сабота, 30. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Наместо свадба, погреб: Почина 26-годишно момче

Наместо свадба, погреб: Почина 26-годишно момче

Од последици на Ковид-19 денеска во Клиничкиот центар во Црна Гора починал пациент од Улцињ кој имал само 26 години.

Како што наведува порталот „Бар“, несреќното момче починало на денот кога му била закажана сопствената свадба.

Од Институтот за јавно здавје на Црна Гора апелираат младата популација да се вакцинира.

„Се потврди дека делта сојот е немилосрден кон младите. Многу заболени се на возраст од 19 до 39 години“, изјавил д-р Игор Галиќ, директор на Институтот.

Од почетокот на пандемијата, во Црна Гора од Ковид-19 досега починале 1.822 луѓе.