сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Oд понеделник оваа соседна земја ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Oд понеделник оваа соседна земја ги враќа заштитните маски против Ковид-19

Од понеделник Бугарија го враќа носењето заштитни маски против ковид-19, изјави за БНР главниот државен здравствен инспектор Ангел Кунчев.

Според него, „Бугарија се соочува со нов бран на коронавирусот и варијанта на вирус кој се шири многукратно побрзо, работите се менуваат толку бргу и толку неочекувано што мора да бидеме подготвени за секоја ситуација“.

Тој ќе предложи нов пандемичен план за здравствените власти да преземат безбедносни мерки. Меѓу нив се носењето маски, ограничувањето на собири и собирање на многу луѓе на едно место. Од понеделник со новите мерки кои се очекува да стапат во сила од понеделник.

Тој беше дециден дека никој нема да ја пропадне туристичката сезона или економијата во оваа комплицирана ситуација, но сепак, кога ќе се носат одлуки, вклучително и од Националниот фонд за здравствено осигурување на Бугарија, мора да размислуваме за здравјето на луѓето, потоа – за заштеда на пари, категоричен беше Кунчев.