Поради подобрената епидемиолошка состојба со коронавирусот, властите на Црна Гора ја укинаа обврската за поседување КОВИД потврда за влез во Црна Гора и новата одлука стапува во сила денеска, соопшти Министерството за надворешни работи.
Исто така, од патниците во Ирска веќе не се бара да покажат доказ за вакцинација, доказ за закрепнување или негативен резултат од ПЦР-тестот по пристигнувањето.
-Нема барања за тестирање или карантин по пристигнувањето во Ирска. Дополнително, од патниците во Ирска веќе не се бара ни да пополнат формулар за лоцирање (PLF), информира МНР.
Повеќе информации се достапни на линкот: https://mfa.gov.mk/mk/page/1706/informacii-za-covid19