Генералниот секретар и координатор на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, најави дека по пребројувањето на гласовите од неделните избори, партијата ќе го започне процесот на разрешување на шефот на државата Илир Мета.
Преку објава на Твитер, тој иронизира дека мнозинството ќе ги „подготви неговите пензиски документи, да пие ракија свирејќи на чифтелија (албански инструмент) со Сали Бериша“.
На ова веднаш и со остар тон реагираше Мета порачувајќи дека е подготвен да го потпише Указот за одбрана на Републиката.
– За најновата закана, која доаѓа преку претставникот на бандите во Елбасан и цела Албанија има само еден одговор: Претседателот е подготвен да го потпише Указот за заштита на Република. Албанија на Албанците. Смрт за предавниците, напиша тој.
Претходно Дамијан Ѓикнури, висок функционер на Социјалистичката партија, која обезбеди 74 пратенички мандати, побара од Мета да го одржи „даденото ветување дека ќе поднесе оставка доколку Еди Рама обезеди 71 пратеник“.
Претседателскиот портпарол Теди Блуши, објави дека Мета на 24 јули 2022 година се враќа во неговата матична партија, Движењето за социјалистичка интеграција, индиректно ставајќи до знаење дека останува претседател до крајот на мандатот.
Потсетува дека Мета изјавил дека ќе поднесе оставка доколку Рама обезбеди 71 пратеник но на слободни избори и додава дека „сите знаат како Рама ги доби изборите – со сериозен изборен криминал“.