Патријархот на Српската православна црква, Иринеј е позитивен на коронавирус, пренесуваат српските медиуми.
90-годишниот патријарх бил примен во специјалната болница во белградска Карабурма.
Да потсетиме, Митрополитот црногорски и приморски Амфилохије (83) почина на 30 октомври од последиците на ковид-19. Тој беше погребан во криптата на Катедралата Христово воскресение во Подгорица, пред неколку илјади верници и со директен пренос на црногорскиот јавен сервис РТЦГ.
Илјадници луѓе се собраа на погребот, а многумина сакаа да го допрат или бакнат мртвиот Амфилохије.