Поради коронавирусот при пазарањето во словенечките маркети предност ќе имаа пензионерите, инвалидите и бремените жени, соопшти Кризниот штаб.
Дописникот на МИА од Љубљана јавува дека одлуката која веќе почна да важи се однесува на временскиот период од осум до десет часот наутро.
Пред поголемите маркети веќе е распоредено обезбедување кое прави ред кој и кога може да влезе да пазари, а целта е да се избегне метежот и можното ширење на коронавирусот. Дополнително во некои маркети не може воопшто да се влезе без да се направи целосна дезинфекција на рацете.
Поради големите гужви во продавниците за храна многу често се случуваше некои производи воопшто да не можат да се најдат за продажба.