сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Регион

Пет партии бараат гласање за недоверба на Владата на Црна Гора

Пет партии бараат гласање за недоверба на Владата на Црна Гора

Пет опозициски партии во Црна Гора предводени од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ денеска до Собранието поднесоа барање за гласање недоверба на владата на Дритан Абазовиќ, по потпишувањето на Темелниот договор со СПЦ.

Покрај ДПС, на предлогот се приклучија и Социјалдемократската партија (СДП), Либералната партија (ЛП), Социјалдемократската партија (СД) и Демократската унија на Албанците (ДУА) со вкупно 36 пратеници.

Црногорското Собрание има 80 пратеници, и за изгласување недоверба на владата на Абазовиќ потребни се 41 глас. На таа група партии ќе и треба поддршка од најмалку уште пет пратеници за да биде прифатена нивната иницијатива.

Како причина за поднесување предлог за недоверба на Владата, тие во заедничкото соопштение го наведуваат „недостатокот на резултати на владата во однос на спроведувањето на оние приоритети кои беа утврдени при нејзиниот избор, а кои се однесуваат на реформите во судството систем, зајакнување на системот на владеење на правото, интензивирање на процесот на европска интеграција, консолидација на економската политика во земјата и реорганизација на здравствениот систем во услови на тековната пандемија на коронавирусот“.  (МИА)