недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Писонеро: Очекуваме воздржаност и дијалог во Црна Гора

Писонеро: Очекуваме воздржаност и дијалог во Црна Гора

Европската Комисија повикува на смиреност и воздржаност во Црна Гора, откако зачестија меѓуетничките тензии и судири по одржувањето на парламентарните избори на 30 август, јави дописничката на МИА од Брисел.

-Одблиску ја набљудуваме состојбата од изборите наваму, и со нетрпение очекуваме формирање на парламентот и на новата влада за да продолжи стабилниот пат на Црна Гора кон ЕУ. Во овој контекст, очекуваме смиреност и воздржаност од сите како и инклузивен дијалог и почитување на вредностите на ЕУ и почитување на малцинствата, ова е многу јасна позиција на ЕУ, изјави портпаролката за проширување, Ана Писонеро изутринава.

Од одржувањето на изборите, кога опозицијата прогласи убедлива победа, во Црна Гора се множат меѓуетничи тензии на дневна основа. Денеска беше објавена дека била таргетирана куќата на оџата, Самир Кадрибашиќ во градот Плевља, и испратена му е порака „Плевља ќе биде следната Сребреница“.

Српската православна црква во Црна Гора повика на смиреност и на истрага за инцидентот. Исламската верска заедница стравува дека етничките инциденти ќе предизвикаат агресивен одговор од страна на босанското малцинство. Шефот на исламската верска заедница, Хусеин Кавазовиќ ги повика властите да ги заштитат Муслиманите во земјата. (МИА)