Словенечкиот министер за здравство Јанез Поклокар предупреди на опасноста од нов, четврти бран на епидемијата со Ковид-19, како резултат на падот на стапката на вакцинација во земјата и ширењето на варијантата Делта.
-Делта сојот на вирусот претставува голема закана за мирното лето и нормалната есен. Затоа, ние со сигурност се подготвуваме за четвртиот бран на епидемијата. Повеќе не е прашање дали ќе дојде, туку кога тоа ќе биде, изјави Поклукар на прес-конференција. Тој предупреди дека досега има премалку вакцинирани и дека во Европа се шири позаразна варијанта Делта.
Иако досега се откриени само дваесет случаи на варијанта на делта во Словенија, се проценува дека станува подоминантен во многу земји, а Поклокар предупредува на ситуацијата во Португалија, Велика Британија и делови од други европски земји.
Поклокар потврди дека вакцинацијата на населението е се уште недоволна, бидејќи податоците покажуваат дека досега само третина од вкупното население е заштитено со двете дози.
Поклокар најави дека словенечката влада законски ќе обезбеди инвестиции во здравствениот систем од 1,9 милијарди евра во следните десет години со цел да се компензира недоволната инвестиција во персонал, опрема и дигитализација на тој систем.