вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Поради инцидентите во Црна Гора ќе одговараат 54 лица

Поради инцидентите во Црна Гора ќе одговараат 54 лица

Црногорската полиција уапсила 41 лице за предизвикување инциденти во неколку градови, додека 54 лица ќе бидат кривично и прекршочни одговорни, соопшти полициската управа.

Се наведува дека граѓаните вчера се собирале без претходна регистрација на јавни собири и без одобрение, и тоа во Будва, Подгорица, Никшиќ, Бар, Беране и Бјело Поље и оти предизвикале инциденти во тие општини.

Тие се обвинети за блокирање на сообраќајот и нарушување на јавниот ред, каменување, употреба на димни бомби и стаклени шишиња против припадници на полицијата.

Се тврди дека во инцидентите се повредени девет припадници на полициската управа, како и дека е причинета голема материјална штета на зградите на општина Будва и Центарот за безбедност на Будва.

Нема информации дали некој од граѓаните е повреден.